Ковачевски: Времено се откажуваме од инвестиции во Белене, се насочуваме кон Александруполис

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Telegram

Генералниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски вчера обелодени дека времено државата се откажува од инвестиции во бугарската нуклеарна централа Белене и се насочува кон инвестиции во гасна електрана во Александруполис.

Во видео обраќање на Македонскиот енергетски форум, Ковачевски истакна дека со инвестицијата во Александруполис се очекува да се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно производство на електрична енергија.

– Сакам да истакнам дека времено се откажуваме од планираната инвестиција во нуклеарната централа во Белене, Република Бугарија и се насочуваме кон можноста да инвестираме во гасна електрана во близина на гасниот терминал во Александруполис, Република Грција. Електрана со инсталирана моќност до 800 мегавати во која нашата држава преку АД ЕСМ би имала сопственост од 25 проценти и до 200 мегавати со што значително ќе се подобрат перформансите на компанијата во поглед на стабилно прозводство на електрична енергија, рече Ковачевски.

Северна Македонија минатата година најави дека има интерес да биде дел од проектот Белене, проект којшто Бугарија неколкупати го најавуваше и откажуваше.