Заев утре и задутре во Грција: На конференција на „Економист“ и на работен ручек со Мицотакис

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Telegram

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев утре и задутре, 15 и 16, септември ќе биде во дводневна работна посета на Грција, каде што ќе учествува на конференција на угледниот магазин „Економист“ и ќе има работен ручек со грчкиот колега Киријакос Мицотакис, соопштија од Владата.

Средбата со Мицотакис е на агендата за в среда, а на неа ќе ѝ претходи и средба со претседателката на Грција, Катерина Секеларопулу.

На конференцијата „24-та тркалезна маса со грчката влада“ која ја организира „Економист“, годинава ќе доминираат теми поврзани со справувањето со пандемијата, а Заев ќе има свое обраќање на панелот посветен на Западен Балкан.

Во делегацијата со Заев ќе бидат и вицепремиерите за европски и за економски прашања, Никола Димитров и Фатмир Битиќи, и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Премиерот Заев ќе има и повеќе средби со бизнисмени на конференцијата на „Економист“, како и со претставници на грчката бизнис заедница.