Формирано Здружение на грчки бизниси во Северна Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Telegram

Здружение на грчки бизниси во Северна Македонија е основано во Скопје на 25 јуни 2020.

Целите на Здружението се заштита и промоција на економските и професионалните интереси на членовите, како и развој на односите меѓу бизнис заедниците меѓу двете земји.

Основачите на Здружението се 16 големи грчки компании во Северна Македонија, а за претседател е избран Арис Влахос, додека пак во управниот одбор учествуваат претставници на Стопанска банка, на ЕДС, Усје и Интракат.

– Се стремиме да станеме мост на комуникација помеѓу бизнисите од двете земји и да ги браниме интересите на грчките компании во Северна Македонија, рекол Влахос и додал дека еден од приоритетите на Здружението е соработка со надлежните тела од двете земји.