Стопанска банка со поддршка за „Инвеститорски ден“ 18. 9. 2020 година

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Telegram

Стопанска банка АД – Скопје, како Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар, постојано вложува во финансиската едукација и писменост преку посебни активности и кампањи, но и преку секојдневните интеракции со своите клиенти и сограѓани.

Оттука, Банката обезбедува безрезервна поддршка и за „Инвеститорскиот ден“ во организација на Македонска берза АД – Скопје, по повод 25 години од основачкото собрание на Берзата.

Оваа активност има за цел да поттикне поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување на населението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонска берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура на пазарот.

Поддршката на „Инвеститорскиот ден“ Банката ја изразува со тоа што домашните физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци на 18. 9. 2020 година. Притоа, потребно е да бидат исполнети следните услови:

  • Инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот,
  • Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен;
  • Трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Повеќе информации околу „Инвеститорски ден“ клиентите може да најдат на веб страницата на Македонска берза АД – Скопје.