Поддршка и за процесот на имунизација од Стопанска банка АД – Скопје

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn
Share on email
Email
Share on telegram
Telegram

Пред нас е период на имунизација со кој веруваме ќе се стави крај на глобалната пандемија и граѓаните ќе можат повторно слободно да се движат и да делуваат. Секако, овој процес ќе биде долг и ќе бара посветеност и одговорност од сите.

Токму во таа насока, Стопанска банка АД – Скопје деновиве потпиша договор за донација на опрема неопходна за успешно спроведување на процесот на имунизација. Со оваа донација Банката во изминатите 10 месеци има донирано повеќе од 220.000евра во справување со корона вирусот преку опрема и материјали во поддршка за здравствените работници:

  • Комплетен респираторен сет за Клиниката за инфективни болести
  • Подвижен ренген апарат за Клиниката за инфективни болести
  • Видео надзор и геолокатор за возилата на брза помош од Здравствен дом, Скопје
  • Маски, визири и ракавици за 9 клинички центри низ Републиката и
  • 12 специјализирани фрижидери за прием, складирање и дистрибуција на COVID вакцините

Овие проекти беа идентификувани во непосредна и отворена соработка со Министерството за здравство за помош со опрема која е неопходна и директно им помага на здравствените работници во справување со кризата на локално ниво.

На денешната средба со Министерот за здравство и Директорот на Здравствен дом Скопје беа посочени предизвиците кои се дел од секојдневието, чие успешно надминување зависи од идивидуалната и колективна одговорност.

Во оваа прилика, Генералниот Извршен Директор г. Диомидис Николетопулос изјави:
На денешната средба ја искористив приликата, преку Министерот за здравство Д-р Венко Филипче, да изразам огромна благодарност за сите медицински лица вклучени во борбата со COVID-19, која за жал сите ја искусуваме, директно или индиректно. Стопанска банка АД – Скопје како општествено одговорна компанија како и многу пати досега, без исклучок застана на страна на оние на кои им е најпотребна и затоа последните 10 месеци сите наши напори и буџети се насочени во поддршка на здравствениот систем. Со успешно спроведување на процесот на имунизација како и повеќекратната помош досега, ја поттикнуваме оваа благородна активност на грижа, за доброто на сите граѓани. Нашата поддршка ја имате со години наназад и истата ќе продолжи и во иднина.“

Миниситерот за здравство д-р Венко Филипче ја даде следната изјава:

Благодарност до Стопанска банка Скопје и Генералниот Извршен Директор г. Николетопулос  со што уште еднаш банката покажа дека е општетствено одговорна и донираше средства и опрема таму каде што навистина беа потребни. На почетокот во Инфективната клиника, во опрема, респираторни машини, и мобилен апарат за рентгенските снимки, со што целосно се заокружија потребите во оддделот за интензивна нега, и со што се овозможи пациентите да се снимаат на местата каде лежат и се лекуваат. Банката уште лани кажа дека тука нема да застане, и благодарение на Стопанска банка за 21 возило на итна помош се целосно опремени со посебни системи за навигација и ГПС локатори, овозможувајќи на тој начин точно да се знае каде се, олеснувајќи ја итната медицинска помош. Со ова целосно ќе се подобри работењето на оваа служба, и побрз пристап до здравствените услуги за граѓаните. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи.”

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, д-р Виктор Исјановски изјави:

И во името на Здравствениот дом изразувам благодарност за прекрасната соработка со тимот од Стопанска банка АД – Скопје. Покрај системот за навигација и видео надзор кој веќе е во примена, би надополнил дека како донација добивме и 12 медицински фрижидери за потребите на Здравствениот дом. 2 се веќе пристигнати и инсталирани во поликликата Бит Пазар а останатите 10 фрижидери, наменети за процесот на вакцинација ги очекуваме наскоро и ќе бидат распределени во останатите поликлиники.

Стопанска банка АД – Скопје