Стопанска банка со најголема добивка од сите банки во првата половина од годинава

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Telegram

Стопанска банка АД Скопје (членка на NBG групацијата) во првата половина од годинава има најголема добивка од сите банки во Северна Македонија, иако профитот во споредба со истиот период лани книжи пад за 1,7 милиони евра и тоа е резултат на намалени останати приходи од дејноста во комбинација со раст на резервациите

Стопанска банка Скопје во наведениот период оствари профит од 15,5 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансот на успех на оваа банка.

Профитот на Стопанска банка Скопје годинава во споредба со истиот период лани е понизок за 1,7 милиони евра и тоа во најголема мерка се должи на падот на останатите приходи од работење во комбинација со растот на резервациите за кредитни пласмани.

Во првата половина на годинава оваа банка има нето приходи од камати кои изнесуваат 30 милиони евра и се за 1 отсто односно 303.000 евра повисоки од лани. Клучно за растот на нето приходите се намалените расходи за камати што годинава ги платила банката во споредба со истиот период лани.

Очекувано, заради влијанието на намалената економска активност паѓаат (како и кај сите други банки) нето приходите од провизии и надоместоци. Така за првото полугодие тие изнесуваат 5,75 милиони евра што е за 563.000 евра помалку од истиот период лани.

Заради ситуацијата намалени се и останатите приходи од дејноста во однос на истиот период лани. Тие изнесуваат 2,2 милиони евра и се за 850.000 евра пониски од реализацијата лани.

За сметка на зголеменото ниво на кредитирање во првата половина од годинава растат резервациите за кредитните пласмани за 563.000 евра во споредба со лани. На 30 јуни годинава нивниот износ е 7,2 милиони евра. Втора најголема трошковна ставка на Стопанска банка Скопје се трошоците на банката за своите вработени. Тие за првите шест месеци изнесуваат 7,15 милиони евра што е за 289.000 евра повеќе од истиот период ланиОд тука е очигледна грижата на банката за својот кадар.

Стопанска банка Скопје е во кредитна експанзија во корона време. Кредитирањето за шест месеци порасна за 76,6 милиони евра и достигна 1,16 милијарди евраДепозитната база на крајот на јуни е на ниво од 1,35 милиони евра што е за 5 милиони евра повеќе од нивото на крајот на минатата година.

Вложувањата на банката во хартии од вредност (државни н.з.) за шест месеци порасна за 28,9 милиони евра и изнесува 170 милиони евра на крајот на јуни годинава.