Грчката Бизнис Асоцијација продолжува со силното присуство во земјата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Telegram

На собранието оддржано вчера (16-ти Февруари), Грчката Бизнис Асоцијација во Северна Македонија го избраа повторно г-нот Арис Влахос за председател на Асоцијацијата.

Истакнати претставници на водечки компании, со грчки капитал во земјата, беа избрани за членови на Одборот на директори:

  • Илиас Пападопулос, од Стопанска Банка, членка на NBG Group,
  • Димитрис Пасхос од ОКТА, членка на Hellenic Energy,
  • Илиас Тсукалас од EDS, член на PPC Group,
  • Василис Анагносту, од Мермерен Комбинат, Pavlides Group

И така Грчката Бизнис Асоцијација продолжува со своето активно и силно присуство во земјата, останувајќи посветена на промовирање на економска соработка и поттикнување на нови инвестиции.

Асоцијацијата игра клучна улога, како мост на соработка меѓу бизнис заедниците на двете земји придонесувајќи за продлабочување на економските односи и стабилен економски раст.

Грчката Бизнис Асоцијација во Северна Македонија ги обединува најголемите грчки инвеститори во земјата, вклучувајќи ги Titan Usje, Жито Лукс АД Скопје, Seke LTD Прилеп, Olympus, Orbit LTD Скопје, Alumil LTD Скопје, Пивара Скопје АД, EGNA адвокатска фирма, како и други компании.