Стопанска банка со донација на вредна медицинска опрема за Клиниката „Св. Наум Охридски“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email
Telegram

Стопанска банка АД – Скопје денеска иницираше постапка за реализација на донација на дополнителна хируршка и лапароскопска опрема за Универзитетската клиника за  хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје. Оваа опрема се надоврзува на донацијата на ултразвучниот апарат наменет за хируршки постапки од 2019 година, соопштија од Стопанска банка – Скопје, нагласувајќи дека со ова се подобруваат капацитетите и се овозможува долгорочна поддршка за се поголемиот број пациенти кои секоја година безрезервно ги добиваат услугите од Клиниката.

 

„Клиниката ‘Св. Наум Охридски’ има посебно место во заедницата и е од големо значење за јавното здравство. Во Стопанска банка поттикнати од заложбите и вложениот труд, но и од високата професионалност на здравствените работници од Клиниката, во континуитет обезбедуваме помош преку разновидни донации со што ја оправдуваме смислата на нашиот слоган На ваша страна.
Стопанска банка АД – Скопје, како една од најсилните банки во земјата и една од регионалните банки со најдобри перформанси секогаш ќе биде на страната на граѓаните, не само со понудата на врвни финансиски услуги туку и со поддршката за целата заедница преку општествено одговорни практики со широк дијапазон и секако со значаен буџет“, истакна Диомидис Николетопулос, генерален извршен директор и претседател на Управниот одбор на Стопанска банка АД – Скопје.

 

„Велат дека во тешки времиња, се познаваат пријателите. Денеска, во посета на нашата клиника ни дојдоа нашите пријатели Диомидис Николетопулос, Генерален извршен директор заедно со неговиот тим од Стопанска банка АД – Скопје и ни соопштија убави вести за донација на инструменти за изведување на лапароскопски процедури за оперативно лекување. Од вкупно извршени 2.500 операции во текот на минатата година, околу 600 од нив се токму, изведени лапараскопски каде се употребуваат овој тип на инструменти. Во име на сите вработени, во име на Економскиот директор Нермин Шакири и во мое лично име сакам да им се заблагодарам за донацијата која е во процес на реализација. Сакам да потенцирам дека оваа донација е на некој начин продолжување на соработката со Стопанска банка, како извонредно општествена одговорна компанија која претходно ни донираше ултразвучен апарат, исто така наменет за потребите во оперативниот дел. Во време на пандемија, кога сите ресурси се насочени кон третман на ковид пациенти, општествено одговорните компаниите како што е Стопанска банка покрај што го поддржуваат системот во борба со пандемијата имаат и висок развиен сенс дека секоја сегмент од медицинскиот систем е важен. Па преку реализација на денешната донација всушност се испраќа порака за општествена одговорност во реално време, во време на пандемија затоа што се олеснува третирањето на пациентите со хируршки заболувања кои имаат потреба од навремен и адекватен третман“, истакна д-р Љубен Арсенков, медицински директор на Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охриски“.

 

Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ е значаен хируршки центар кој во услови на пандемија и трансформацијата на голем дел од болничките капацитети во COVID центри, уште поинтензивно ја играше својата значајна улога во јавното здравство, се вели во соопштението до медиумите.